На неколку дена пред отворањето изгоре продавница на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино

Нетпрес

27/09/2025

12:43

1.640

Големина на фонт

а а а

Продавницата на модниот бренд „Синсеи“ во Неготино, која синоќа целосно изгоре во голем пожар, требало свечено да се отвори за само една недела, на 3 октомври, објави „4ЊУЗ“.

Според информации на порталот, пожарот избувнал откако се запалила картонската амбалажа што била оставена надвор од дуќанот по отпакувањето на робата за новиот објект. Инцидентот се случил во доцните вечерни часови, а брзата интервенција на противпожарната единица и евакуацијата на станарите од зградата над дуќанот спречиле уште поголема катастрофа. За среќа, во пожарот нема повредени лица, но материјалната штета е огромна, бидејќи целиот инвентар и новопристигнатата стока се претворија во пепел.

Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните ители.

– Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото, додаде Стојанов.