Екитике излезе со свој личен став за потегот со кој го налути Слот

Дерби

24/09/2025

12:29

1.300

Големина на фонт

а а а

Ливерпул вчера обезбеди победа во Карабао купот со голот на Уго Екитике во 85. минута, но францускиот репрезентативец успеа да го изнервира својот менаџер откако доби непотребен црвен картон.

Екитике доби втор жолт картон поради тоа што го соблече дресот славејќи го погодокот, за што подоцна доби сериозни критики од Арне Слот.

Една од главните причини е не само непотребната глупост на Екитике, туку и фактот што сега ќе биде суспендиран за саботниот дуел со Кристал Палас во Премиер лигата. По натпреварот, напаѓачот ги искористи социјалните мрежи за да се извини за потегот.

– Бев премногу возбуден поради фактот што бевме блиску да обезбедиме нова победа пред своите фанови.

– Емоциите ме надвладаа, извинување до цела „црвена фамилија“. Им благодарам на фановите кои секогаш не поддржуваат и на соиграчите кои ја обезбедија победата, – напишал Екитике.