Поранешниот италијански судија, Џанлука Роки, и сезонава ќе ја има улогата на предводник на судиската комисија задолжена за Серија А, а во последното телевизиско гостување ги коментирал контроверзните моменти од последната рунда.
Роки потврдил дека судиите направиле сериозни грешки, односно дека Јувентус бил двојно оштетен на дуелот со Верона, додека Наполи бил почестен од арбитрите со неправилно поништен пенал за противникот.
– Одлуката за пенал за Верона не е правилна, тоа не беше пенал (контактот на топката со раката на Жоао Марио од Јувентус).
– Во ситуацијата со ударот на Орбан во лицето на Гати, судиите требаше да покажат црвен картон. ВАР и АВАР судиите не го решија случјот како што е потребно, – потенцирал Роки за потегот на играчот на Верона кој доби само жолт картон.
На крајот, Роки потврдил дека стартот на Кевин де Брујне на дуелот меѓу Наполи и Пиза требало да биде пенал, иако главниот судија го поништи по прегледувањето на снимката и консултацијата со колегите во ВАР собата.
Наполи го доби натпреварот со Пиза со 3:2, за разлика од Јувентус кој извлече само 1:1 на гостувањето кај Верона.