Војчех Шчесни доби втор фудбалски живот во Барселона, клуб кој го извлече од пензија и во кој имаше добри изданија минатата сезона по што го прифати новиот договор и остана на „Камп Ноу“.
На ветеранот му беше јасно дека нема да биде прв голман, но тука е да помогне, да го пренесе своето искуство на Жоан Гарсија кој пристигна летово и се очекува да биде решение за каталонците на долги стази.
-Јас сум резерва и освен какви било изненадувања, ќе останам. Мојата улога оваа сезона е да го подготвам Жоан Гарсија што е можно подобро за натпреварите. Многу сум горд што ја играм оваа улога, се подготвувам за тоа откако го потпишав мојот нов договор и не сум разочаран.
-Мислам дека тој е голман со неверојатен потенцијал, кој физички веќе е меѓу најдобрите во Европа. На Жоан му недостасува искуство на највисоко ниво, а тоа е нешто што треба да го зајакне. Не е лесно да се игра на секои три дена под толку голем притисок. Тоа е нешто што треба да го научи. Се надевам дека ќе можам да придонесам за неговиот успех, -истакна Полјакот.
Гарсија има навистина одлични изданија во досегашниот тек на кампањата како во Примера така и во ЛШ.