Полскиот министер за одбрана реагираше на изјавите на Зеленски: Овие зборови беа непотребни и не одговараат на реалноста

Макфакс

18/09/2025

09:21

391

Големина на фонт

а а а

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го изрази своето незадоволство од изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавува полскиот портал RMF24.

„Овие зборови беа непотребни и не одговараат на реалноста“, рече министерот, реагирајќи на коментарите што ги доведуваат во прашање одбранбените способности на Република Полска.

Зеленски претходно изјави дека Варшава нема да може да ги спаси животите на своите граѓани во случај на масовен напад. Тој исто така нагласи дека војниците на украинските вооружени сили повеќе нема да бидат испраќани во Полска на обука, но ги покани полските војници да дојдат во Украина на заедничка обука.

Оваа изјава предизвика остри реакции во полската јавност, додека министерот Косињак-Камиш изјави дека односите меѓу двете земји не смеат да бидат оптоварени со изјави кои, како што оцени, „не ја одразуваат реалноста на терен“.