Мурињо пред промоција во великан од Португалија

Дерби

17/09/2025

11:39

130

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо од пред некое време е без работа откако беше отпуштен од Фенербахче и тоа поради тоа што не успеа да го однесе тимот во групаната фаза на Лигата на шампионите.

Клубот од Истанбул беше елиминиран од Бенфика, тим кој пак Жозе може да го преземе во наредните часови или денови. Имено португалскиот великан одлучи да се раздели со тренерот Бруно Лаж по вчерашниот пораз од Карабах во ЛШ, пораз кој дојде по изненадувачкото реми со Санта Клара во домашниот шампионат.

Овие два резултати донесоа реакција од управата и му се заблагодарија на Бруно за се што досега направи за екипата. Информациите се дека Жозе е прв фаворит, се водат преговори, па „специјалниот“ по подолго време може да се врати на клупскиот фудбал во неговата земја.

Тој пред две децении успешно го водеше Порто по што почна интернационална кариера која го одведе во Англија, Шпанија, Италија и Турција.