Директорот на американскот Федерално биро за истраги (FBI), Кеш Пател, се судри во вторникот со демократските сенатори во Комитетот за правосудство кои го доведоа во прашање неговиот професионализам, обвинувајќи го дека ја претворил американската федерална полиција во алатка за гонење на политичките противници на американскиот претседател Доналд Трамп.
Јавното сослушување во истрагата за убиството на конзервативниот политички активист Чарли Кирк се претвори во вербален дуел меѓу демократите и Пател, при што репѕбликанскиот претседател на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чарлс Грасли, ја играше улогата на миротворец на страната на директорот.
Пател во своето излагање го истакна зголемувањето на апсењата за насилни злосторства и нелегалните заплени на оружје од страна на FBI, додавајќи дека САД станале побезбедна земја под водство на Трамп, бидејќи нелегалните дроги и нелегалните имигранти се отстрануваат од улиците.
Демократите му поставија прашања за неговото водење на истрагата за убиството на Кирк, вклучувајќи го и неточното известување на Пател дека напаѓачот е фатен, како и за евиденцијата на покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн и наводните политички мотивирани гонења на FBI против противниците на Трамп.
Пател се судри со демократскиот сенатор Кори Букер за време на сослушувањето, кој го обвини Пател дека е целосно некомпетентен и неуставно го користи FBI за лов на нелегални имигранти.
„Ветивте дека ќе го објавите досието на Епштајн, но сега го чувате досието на Епштајн во тајност. Најавувате апсење на осомничен за тешко убиство и упс! Немате повеќе осомничени“, рече сенаторот Букер од Њу Џерси.
Пател уште еднаш се бранеше со објавување на X, само неколку часа по убиството на Кирк на 10 септември, дека сторителот на ова „ужасно убиство“ е во притвор. Потоа мораше да се повлече, објавувајќи дека осомничениот, откако беше ослободен од сите обвиненија, е ослободен. Во вторникот, тој повтори дека „можел да биде повнимателен“, но негираше дека направил „грешка“.
Тензиите дополнително се зголемија за време на размената на мислења за отпуштањата од FBI со сенаторот Адам Шиф, кого Каш Пател го нарече „срам и политички кловн“.
Пател ги отфрли сите партиски мотиви во бранот отпуштања што ги предводеше, инсистирајќи дека тие се засновале исклучиво на професионална компетентност.
„Секој што беше отпуштен не ги исполни потребите на FBI и не ги исполни своите уставни должности“, рече тој.
Во случајот Епштајн, тој ја бранеше заедничката изјава на Министерството за правда и FBI во јули дека не откриле нови докази во случајот што би оправдале објавување на дополнителни документи.
„Ги објавивме сите веродостојни информации“, рече Пател.
„Сметам дека е одвратен секој што го отфрла нашето 31-годишно заедничко искуство кое сега е на чело на FBI“, рече Пател, алудирјаќи на себеси и на Ден Бонгин, кој е заменик-директор на Бирото.