[ВИДЕО] Израел бомбардираше јеменско пристаниште, објавена снимка

Макфакс

16/09/2025

17:57

179

Големина на фонт

а а а

Израелските воздухопловни сили извршија серија воздушни напади врз пристаништето Ходеида во западен Јемен.

„Израелски борбени авиони извршија серија напади врз пристаништето Ходеида, се слушнаа пет силни експлозии“, изјави извор за руската новинска агенција РИА Новости. Според информациите објавени од агенцијата, во пристаништето избувнал голем пожар.

Снимки од нападите циркулираат на социјалните мрежи.

Израелската војска ги потврди нападите, велејќи дека тие биле извршени како одговор на ракетен напад од страна на движењето Ансар Алах (Хути). Минатата недела, израелските сили го бомбардираа јеменскиот главен град Сана и северозападната покраина Ал-Џаф.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека нападот врз пристаништето Ходеида во Јемен имал за цел да продолжи „морската и воздушната блокада на терористичката организација Хути“.

„Терористичката организација Хути ќе продолжи да прима удари и ќе плати болна цена за секој обид за напад врз Државата Израел“, додаде тој.