Албанезе: Газа може да стане неупотребливa за живот поради израелските напади

Макфакс

15/09/2025

16:35

180

Големина на фонт

а а а

Специјалниот известувач на ОН за состојбата со човековите права на палестинските територии окупирани од 1967 година, Франческа Албанезе, денес предупреди дека израелскиот напад врз градот Газа може да ги уништи Палестинците и да го направи градот неупотреблив за живот.

„Израел бомбардира користејќи неконвенционално оружје обидувајќи се да ги евакуира Палестинците со сила. Зошто? Ова е последниот дел од Газа што треба да се направи неупотреблив“, изјави Албанезе пред новинарите во Женева.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави на 8 септември дека Израел уништил „50 терористички кули“ и дека ова е „само претходница“ на операцијата за освојување на градот Газа.

Нетанјаху вети дека ќе ги уништи сите „гнезда на терор“ во видео изјава од оперативната соба на израелските воздухопловни сили, позната како „јамата“, во седиштето на Министерството за одбрана во Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој истакна дека ова е само вовед, само прелудиум на главната интензивна операција – копнена маневрирана акција на израелските сили, кои сега се организираат и собираат во градот Газа.

Во последните денови, цел на израелските напади беа солитерите во Газа, за кои ИДФ тврди дека ги користи Хамас како терористичка инфраструктура.