[ВИДЕО] Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Макфакс

13/09/2025

16:03

1.010

Големина на фонт

а а а

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.

Претходно надлежните објавија дека се работи за пожар во „Нула отпад“, но информацијата ја коригираа, потенцирајќи дека нејзините објекти не се зафатени со пожар.

Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е причинета, а според видеата може да се забележи дека се работи за интензивен пожар кој е видлив од сите делови од Скопје.

Пожарот се гасне од земја и од воздух.