Новата девојка на популарниот актер лесно би можела да стане другарка на неговата ќерка затоа што разликата во годините е занемарлива.
Се чини како Кеш Ворен (46), поранешниот сопруг на Џесика Алба, да ужива во слободата по разводот и тоа во друштво на млади девојки.
Продуцентот неодамна бил виден како се држи за рака со 20-годишната актерка Сијана Переира додека шетале во Лос Анџелес, носејќи кафе и ќесичка со колачи во рацете.
Интересно е тоа што неговата нова девојка е само три години постара од неговата најстара ќерка Онор Мари (17) која ја добил од бракот со Алба.
Ако врската потрае, тогаш девојката и ќерката на актерот би можеле да станат најдобри другарки.
Пред Переира, Ворен бил во кратка врска со 25-годишната Хана Сан Дер, исто така актерка, но романсата очигледно дека за кратко време завршила.
Новиот пар првпат бил забележан на почеток на септември во Лос Анџелес, на истото место каде актерот излегувал со Хана.
Jessica Alba’s ex sparks dating controversy! #Spotted
— All Time Entertainment (@AllTimeEnt) September 5, 2025
.
.
.#CashWarren #JessicaAlba #DatingDrama #HollywoodGossip #CelebrityCouples #HollywoodLife #HollywoodNews #CelebrityDrama #ViralVideo #Entertainment #TrendingNow pic.twitter.com/2nqHU7aW1U
На првото заедничко појавување, Сијана носела бела топ маичка, црни шорцови и чанта, но и сандали на висока потпетица, додека пак Ворен имал стајлинг во слични бои.
Следното утро папарацо фотографите повторно ги фотографирале на истото место.
Переира која зад себе има шест улоги забележани на „IMDb“ уште во 2013 година на Инстаграм се претставува себеси како актерка и пејачка.