Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“.
Уша, сопругата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, излезе од авионот со вдовицата на Кирк, Ерика. Двете жени носеа црно и очила за сонце. Потпретседателот беше неколку чекори зад нив во темно одело.
„Air Force Two“ пристигна во Феникс по краток лет од Солт Лејк Сити, град оддалечен 64 километри од Орем, Јута, каде што најистакнатиот десничарски активист, Чарли Кирк, беше застрелан додека зборуваше на Универзитетот Јута Вали.
🚨 JUST IN: VP JD Vance helped load Charlie Kirk’s casket onto Air Force Two
— Nick Sortor (@nicksortor) September 11, 2025
This is beautiful. I love how much Charlie is being honored.
An incredible send off for an incredible patriot 🙏🏻 pic.twitter.com/tqPKbqlivS
Додека група униформирани војници го товареа ковчегот во авионот, Венс ја држеше раката на ковчегот.
Венс напиша на социјалните мрежи дека неговиот однос со Кирк започнал пред неколку години откако се појавил во емисијата на Такер Карлсон на „Фокс њуз“. Потоа Кирк му се обратил за да го пофали, „и тој момент на љубезност започна пријателство“.