Енормни цени во француските ресторани: Дури и Гордон Ремзи останал „без текст“

Точка

09/09/2025

18:54

773

Големина на фонт

а а а

Иако оброците во неговите ресторани не се меѓу најевтините, славниот готвач Гордон Ремзи бил шокиран кога видел колку чини оброк во ресторан на југот на Франција.

Ремзи често нагласува дека во неговите јадења се става посебен акцент на квалитетот и вредноста и често споделува совети како да го добиете најдоброто за вашите пари. Меѓутоа, се чини дека овој француски ресторан ја добил неговата сериозна „анти-препорака“.

220 евра за јастог

„Седевме во хотел во Кан, а мојата сопруга Тана нарача јастог затоа што го обожава. Беше нејзин роденден, вистинско уживање“, изјавил Ремзи за „LADBible“. Потоа, воздивнувајќи, додал: „220 евра за јастог“.


Видливо зачуден, тој продолжил: „Не сум скржав и не сум скржавец, никогаш не ја оспорувам сметката. Но, 220 евра, што по ѓаволите се случува?“, истакна готвачот.

„Да слушнеше мајка ми, ќе ме претепаше“

Кога неговата сопруга не успеала да ја изеде целата порција, Ремзи ѝ помогнал во тоа, бидејќи како што рече не можел да седи и да гледа како се фрла толку скап оброк.

„Да слушнеше мајка ми дека сум платил 220 евра за јастог на југот на Франција, ќе ме претепаше. Таа месечно не троши толку за сите намирници“, се пошегувал познатиот готвач.


Сепак, тој заклучи дека секој треба сам да одлучи: „Ако нешто е премногу скапо за тебе, тогаш не треба да го нарачуваш“.