СДС признаа дека прислушувале и следеле преку АНБ и АР, и сега наместо да се извинат пред се, лажат и манипулираат. СДС најпрвин треба да се извини за 5 години следење на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени, кои заедно со нивните семејства биле под константна присмотра на службите, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако ќе се извинат треба да го повикаат Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски на одговорност.
Наместо тоа гледаме како СДС од петни жили ги штити сите кои ги злоупотребувале институциите, затоа што очигледно работеле по партиска задача.
ЈО не смее со денови да молчи и да не презема никаква акција.
Загрозена била приватноста на голем број луѓе цели 5 години. Службите влегле во нивните животи, со цел да го забават падот на СДС од власт и нивно што подолго одржување, а со цел распродажба на државните интереси и правење на криминал“.
Доколку ЈО и Коцевски останат нем посматрач, според него, треба да знаат дека тоа нема долго да трае и дека и тие ќе одговараат.