[ФОТО] Кун од „2Бона“ го изговори судбоносното „да“: Љубената Исидора блескаше во уникатни венчаници

Точка

09/09/2025

13:00

1.377

Големина на фонт

а а а

Популарниот музичар од дуото „2Бона“, Марио Јелиќ – Кун, викендов стапи во брак со својата сакана Исидора.

Тој и неговата долгогодишна избраничка Исидора, за која музичарот вели дека му е една од најголемите поддршки во животот, го изговорија судбоносното „да“ на црковна церемонија, опкружени со семејството, пријателите и колегите од естрадата.


За својата Исидора, пејачот Марио претходно изјави:

„Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром, нема да можам да користам медицински израз да не згрешам нешто, не сум навлезен во тоа зошто не ми е битно.

Мене ми е битно да сум среќен со неа“. Со ова пејачот докажа дека  Исидора за него е една и единствена, без оглед на сѐ.

Преубавата Исидора едноставно блескаше на свадбата во елегантна и модерна венчаница со корсет и детали од чипка, а во рацете држеше уникатен бидермаер од сини хортензии, подоцна во текот на прославата таа облекла друга венчаница која била пократка. За нејзиниот изглед се погрижил познатиот мејкап артист Даниел Николовски.


Од друга страна, Кун избрал да носи класичен, црн костим во којшто изгледал навистина отмено.

Свадбата на Кун и Исидора означува едно друго и ново поглавје во нивните животи кои сплотени со заедничка љубов ќе ги обојуваат деновите во радост и среќа.

Тимот на „Точка“ им ја честита венчавката и им посакува денови минати во слога, разбирање и многу среќни моменти за паметење.