Претставникот на Трамп: Нападот врз Киев е ескалација, очигледно е дека Русите не сакаат војната да заврши

Макфакс

08/09/2025

10:41

274

Големина на фонт

а а а

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека нападот на Русија врз владината зграда во Киев не е сигнал дека Москва има намера дипломатски да ја заврши војната. „Нападот не беше сигнал дека Русија сака дипломатски да ја заврши оваа војна“, рече Келог преку социјалната мрежа Икс.

Келог нагласи дека опасноста од каква било војна лежи во ескалацијата, а Русија, рече тој, „се чини дека ескалира“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад во војната, кој прво ја погоди зградата на украинската влада.

Специјалниот пратеник, исто така, откри дека бил во истата зграда пред само две недели, каде што се сретнал со украинската премиерка Јулија Свириденко.

Тој предупреди дека ваквите потези би можеле да излезат од контрола. „Историјата покажува дека настаните можат да ескалираат надвор од контрола преку вакви акции. Затоа претседателот Трамп работи на запирање на оваа војна“, заклучи Келог.