Поранешен играч на Барселона стана дел од стручниот штаб на Флик

Дерби

07/09/2025

10:35

321

Големина на фонт

а а а

Барселона во продолжение од сезоната ќе има засилување во стручниот штаб, бидејќи во неговите редови се враќа поранешен играч на оваа екипа.

Ханси Флик може да биде задоволен поради пристигнувањето на Тиаго Алкантара, кој беше негов личен избор за асистент уште во првата сезона откако ја презема шпанската екипа.

Германскиот стручњак барал асистент кој добро го познава јазикот, но и опкружувањето во Барса, па уште тогаш го избра Тиаго Алкантара, кој е негов поранешен фудбалер од периодот кога го водеше Баерн Минхен.

Сепак, по краток период, односно пред почетокот на сезоната, Тиаго се врати во Англија поради административни причини, за сега повторно да му се приклучи на стручниот штаб и да биде еден вид засилување за Каталонците.

Флик ќе го користи Алкантара и за еден вид приближување до играчите преку неговата комуникација со соблекувалната, па делува дека Барселона може само да добие од овој ангажман на својот поранешен фудбалер.