Aктерката Софи Тарнер ќе ја преземе улогата на легендарната Лафа Крофт, наследувајќи ги Анџелина Џоли и Алиша Викандер кои претходно ја толкуваа оваа култна улога.
Како што пренесува „Deadline“, снимањето на играната адаптација основана на легендарната франшиза на видеоиграта, закажано е за 19 јануари 2026 година.
Оваа најава доаѓа по повеќемесечна неизвесност во врска со проектот. Уште во април постоеја шпекулации дека серијалот би можел да биде откажан по значајните вложувања и слабиот напредок. Извори наведуваат дека договорот меѓу студиото и актерите сѐ уште не е заклучен, но дека е извесно дека наскоро ќе биде официјално потпишан.
Серијата „Tomb Raider“ добила зелено светло на почетокот на годинава, а на сценариото работата Риби Волер-Бриџ, авторка на наградуваната серија „Fleabag“.
„Лара Крофт многу ми значи, како и на многу други луѓе и одвај чекам да појдам во оваа авантура“, изјавила Волер Бриџ во мај.
Легендарниот лик на Лара Крофт којшто на големото платно претходно го толкуваа Анџелина Џоли и Алиша Викандер, сега ќе го освежи Софи Тарнер, позната по улогата на Санса Старк во серијата „Game of Thrones“.
По успехот на таа серија за која во 2019 година беше номинирана за Еми награда, Тарнер ја продолжи кариерата со улогата на Џин Гред во „X-Men“ франшизата, а сега е подготвена да ја преземе улогата на една од најпознатите хероини во светот на видеоигрите.