Шукова вели дека има решение за Вардариште

Макфакс

05/09/2025

13:36

169

Големина на фонт

а а а

Дивата депонија Вардардиште пак гори и ги труе скопјани. Еколошка бомба, закана за над 150.000 граѓани од Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода но и за цело Скопје. Четири години неспособната локална власт на ДПМНЕ не успева да реши една дива депонија што шири зараза и смрт. Ова е врв на неработење, негрижа и криминална рамнодушност, изјави Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Град Скопје.

Таа вели дека СДСМ има конкретно и издржано решение за Вардариште.

„Итно оградување и заштита на просторот на Вардариште, со пристап само за комунална хигиена. 24-часовно физичко обезбедување за превенција од палење на отпадот.

На подолг рок: изградба на нова претоварна станица по сите европски стандарди и воведување систем за управување со отпадот. Од собирање до селекција и финално депонирање во Дрисла“, рече Шукова.

Таа додаде дека советничката група на СДСМ ќе бараме итно свикување на седница на советот на Град Скопје за Вардариште.

„Не може советот да биде на страна а скопјани да се гушат, тоа е недозволиво. Мора службите на градот да добијат задача за итно надминување на проблемот со горење на отпадот во Вардариште“, рече Шукова.