[ВИДЕО] Петрушевски: Обвинителството да не молчи, итна истрага за прислушкувањето на Мицкоски, новинарите и бизнисмените

Макфакс

05/09/2025

12:11

262

Големина на фонт

а а а

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, побара од Јавното обвинителство итна истрага за случајот со следење и прислушкување на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени.

„ЈО да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите“, изјави Петрушевски.

Тој праша дали обвинителот Љупчо Коцевски молчи затоа што бил задолжен за следење на издавањето на ПИ мерките и дали знаел за случајот.

„СДС ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт. Пет години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок. Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори“, додаде Петрушевски.