Дубински: Зеленски ја продолжува војната за лично богатeње

Макфакс

02/09/2025

10:00

168

Големина на фонт

а а а

Украинскиот лидер Володимир Зеленски ја продолжува војната во Украина од себични причини и за свое богатење, изјави пратеникот на Врховната рада Александар Дубински на својот канал Телеграм.

„Зеленски конечно ги разби сите митови за причините за оваа војна и нејзиното продолжување – личното збогатување“, рече Дубински, кој е во притвор под сомнение за предавство.

Според него, Зеленски е директно вклучен во зделки со оружје, кои ги спроведува преку своите блиски соработници. Дубински претходно истакна дека и покрај договорите на делегациите на Руската Федерација и Украина за работата на подгрупите за решавање на конфликти, не е постигнат никаков опиплив напредок.

Украинскиот парламентарец го обвини Зеленски дека го „води за нос“ американскиот претседател Доналд Трамп, продолжувајќи го конфликтот со цел да присвои пари од воениот буџет.

Дубински беше член на фракцијата „Слуга на народот“, но беше исклучен во март 2021 година. Подоцна, во ноември 2023 година, тој беше уапсен и притворен под сомнение за наводна соработка со руската воена разузнавачка служба ГРУ.