„Флајтрадар“: Авионот со Урсула фон дер Лајен не остана без GPS

Макфакс

02/09/2025

09:51

2.841

Големина на фонт

а а а

„Флајтрадар“ ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека GPS системот на авионот со кој се превезуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Бугарија откажал.

„Летот на кој беше Урсула фон дер Лајен испраќаше сигнал со добар квалитет од полетувањето до слетувањето“, соопшти компанијата на Икс.

„Флајтрадар“, исто така, се осврна на извештаите дека авионот поминал околу еден час во воздух пред слетувањето, наведувајќи дека летот траел 1 час и 57 минути, во споредба со првично планираните 1 час и 48 минути.

Претходно, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека дошло до дефект на навигацискиот систем кога авионот во кој се наоѓала шефицата на ЕК, слетал во Бугарија. Според весникот, пилотите морале да користат хартиени карти за да слетаат на аеродромот во Пловдив.