[ВИДЕО] Невреме во Умаг: Pоплавени улици, речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа

Макфакс

02/09/2025

09:49

1.058

Големина на фонт

а а а

Силна бура и обилни врнежи од дожд го погодија подрачјето на Умаг во Истра утрово.

До 7:30 часот наутро веќе наврнаа 84 мм дожд, а словенечката станица во Порторож исто така измери над 50 мм. Исто така, се регистрира екстремно силна активност на грмотевици, со речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа, а атмосферата не покажува знаци на смирување, објавува ИстраМет.

Порталот Неверин објавува дека наврнале 100 мм дожд за помалку од еден час.

За денес и утре во Хрватска е најавено нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици, а издадени се предупредувања за потенцијално опасно време за некои региони.