Полскиот министер за одбрана ја нарече Русија „империја на злото“

Макфакс

01/09/2025

13:04

149

Големина на фонт

а а а

За време на комеморативните настани по повод годишнината од почетокот на Втората светска војна, полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш остро ја критикуваше Москва, нарекувајќи ја Русија „зла империја која повторно гледа од Исток“, објавува „Полстат њуз“.

Косињак-Камиш ја даде својата изјава во контекст на војната во Украина, нагласувајќи дека најголемата опасност е навикнувањето на меѓународната јавност на секојдневните воени операции. „Тоа е најлошата и најголема победа на империјата на злото, која повторно гледа од Исток“, нагласи полскиот министер.

Тој додаде дека државата мора да одржува будност и сила без оглед на заморот и чувството на очај: „Знам дека чувствителноста се намалува со текот на времето, но потребите на државата не смеат да бидат засенети од замор или очај“.

Претходно, полскиот премиер Доналд Туск оцени дека геополитичкиот конфликт околу Украина и безбедноста на Европа влезе во одлучувачка фаза. Тој истакна дека само единството на западните земји може да обезбеди отпор кон предизвиците што ги носат руските дејствија.