Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и Нови Сад

Макфакс

01/09/2025

11:19

222

Големина на фонт

а а а

Во Белград и Нови Сад се појавија огромни плакати со честитки за роденденот на авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко. Зад оваа акција стои Конзервативното движење „Наши“, објавува Нова.рс.

На постерите поставени низ српскиот главен град и Нови Сад пишуваше: „Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“. Иван Ивановиќ, лидерот на ова десничарско движење, е наведен како потписник.

Ова не е првпат движењето „Наши“ да организира слични кампањи. Во февруари минатата година, тие го преплавија Белград со постери со пораката „Србија е со Лукашенко“.