Пожарот кој вчера изби на територијата на општина Желино во атарот на село Церово, а подоцна во вечерните часови се прошири во насока на месноста Карпалак покрај автопатот Скопје – Тетово, е целосно изгаснат, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Врз него од тетовската страна дејствуваше ТППЕ Тетово, а од скопската страна БППЗ Скопје.
Ангелов упати голема благодарност до тетовските и скопските пожарникари кои во ноќни услови успеаја да го изгаснат овој голем пожар кој во делови се одвиваше на тешко пристапен терен.
Во текот на вчерашниот ден целосно се изгаснати 29 пожари на отворен простор. Во овој момент 4-те активни пожари на отворен простор се под целосна или делумна контрола, додаваат од ДЗС.