Герасимовски: Децата и родителите синоќа во еден глас ги пееја хитовите на Јанг Дади и уживаа со „Стела и Сани“

Точка

28/08/2025

15:24

185

Големина на фонт

а а а

Вечер исполнета со детска радост и музика, вака изгледаше Паркот на Франкофонија синоќа. Многубројни деца, заедно со нивните родители, уживаа во забавната програма и песните на малите херои Стела и Сани, а веднаш потоа со еден глас ги пееја хитовите на еден од најпознатите македонски изведувачи, Јанг Дади.

Атмосферата кулминираше кога децата се качија на сцената и заедно со Дади пееја и играа, претворајќи го концертот во незаборавно доживување.

Градоначалникот Горан Герасимовски се заблагодари на сите кои дојдоа на настанот „На одмор сум, во Центар сум“ и ја направија вечерта посебна.


„Општина Центар вложува во културата, во квалитетни програми за сите генерации, а особено за децата. Радоста што ја видовме кај најмладите е најубавата потврда дека нашите настани ја имаат вистинската цел,. Во септември организираме уште еден голем концерт за кој ќе информираме оваа недела“, вели Герасимовски.

Во пресрет на новата учебна година, овој културен настан беше симболична завршница на летниот распуст, момент кој ќе им остане во сеќавање на децата како лето исполнето со песни, насмевки и многу дружба.