Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап за пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, односно квалификацискиот дуел со Лихтенштајн.
Македонскиот селектор ќе го подготвува тимот за натпревари со различен карактер, а и самиот потенцираше дека натпреварот во Прага ќе го искористи за експериментирање со екипата.
– Првиот натпревар против Саудиска Арабија ќе го искористиме за да им дадеме простор на репрезентативците кои поретко добиваат шанса.
– Истовремено, ова е можност да испробаме и одредени репрезентативци на различни позиции, да видиме како ќе се снајдат, а и да провериме одредени тактички идеи.
– Потоа следува натпреварот со Лихтенштајн, според мене ова е најважниот натпревар во овие квалификации. Се работи за сериозен ривал на кого ќе така и ќе му пристапиме, а во прв план не е резултатот, туку освојувањето на трите бода, – истакна Милевски.