Македонската фудбалска репрезентација во септември ќе одигра еден пријателски и еден квалификациски натпревар, а селекторот Благоја Милевски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап.
Решат Рамадани од редовите на шампионот Шкендија и Елмин Растодер од швајцарски Тун се двајца дебитанти, кои ќе се надеваат на свој прв настап во националниот тим, додека останатите фудбалери се репрезентативци кои најчесто се во најтесниот избор на селекторот.
Македонија на 4. септември ќе одигра пријателски натпревар со Саудиска Арабија, а три дена подоцна го пречекува Лихтенштајн во квалификациите за СП.
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)