Англиски дефанзивец за Нојер: Луѓето овде не се свесни дека е најдобар во историјата

Дерби

27/08/2025

11:36

298

Големина на фонт

а а а

Ерик Даер имаше можност да настапува за Баерн Минхен, а покрај тоа што и во овој тим соработуваше со Хари Кејн, очигледно бил импресиониран од Мануел Нојер.

Германецот важи за еден од најдобрите голмани во фудбалската историја, а англискиот дефанзивец во подкаст гостувањето кај Бен Фостер, зборувал отворено за неверојатните квалитети кои ги поседува првиот голман на Баерн.

– Нојер е број еден голман на сите времиња.

– Мислам дека луѓето во Англија не се свесни колку добар голман е затоа што не ги гледаат натпреварите од Бундеслигата.

– Јас досега немам видено ништо слично на тоа што го видов од Нојер, а најсмешно е што некој знаеше да ми каже дека не е тоа што бил некогаш. Замислете каков бил претходно, – истакнал Даер, кој сега е член на Монако.