Барселона со еден потег реши два голмански проблеми

Дерби

27/08/2025

11:26

403

Големина на фонт

а а а

Раководството на Барселона успеа да го реши проблемот со регистрација на втор голман и посакувана поддршка за Жоан Гарсија и тоа преку договорот кој го постигна со Ињаки Пења.

Пења го продолжи договорот со Барса до 2029 година и истовремено е испратен на заем во редовите на Елче, каде ќе може да добие посакувана минутажа и да го потврди квалитетот како прв голман на тим од Ла Лига.

Голманот од Аликанте треба рутински да ги помине прегледите во новиот тим и веројатно уште денеска ќе биде потврден како засилување за Елче.

Заминувањето на Пења во шпанскиот ривал отвора простор за експресна регистрација на Војчех Шчесни, со што се исполнува и желбата на тренерот Ханси Флик за голманската структура во првиот тим на Каталонците.

Гарсија како засилување добива приоритет, но Шчесни ќе биде важен како негова поддршка и втор голман кој би добил шанса по потреба наредниот период.

Во меѓувреме, Марк Андре Тер Штеген се рехабилитира од сериозната повреда, а кога ќе се врати ќе го решава својот статус и иднина во редовите на Барселона.