Раководството на Рома подолго време се обидува да го обезбеди потписот на Џејдон Санчо, но англискиот репрезентативец е се подалеку од прифаќање на ваква опција и италијанскиот клуб решил да се откаже од понатамошните преговори.
Санчо е под притисок да најде нов клуб до крајот на преодниот рок, но Рома нема да биде негова следна дестинација, па клубот се фокусирал на засилување со друго име од островот.
Се работи за талентот на Челси, Тајрик Џорџ, за кого спортскиот директор Фредрик Масара веќе започнал преговори со агентите и лондонскиот премиерлигаш.
19-годишниот Џорџ е интересен за повеќе клубови во финишот на преодниот рок, но одговорните во Рома се оптимисти дека може да го убедат да се пресели во Италија.
За Џорџ нема место во првиот тим на Челси во моментов и Рома се надева дека ќе профитира од желбата на клубот да го намали ростерот и да се ослободи од дел од фудбалерите.