Ентони Гордон беше еден од најдобрите поединци на теренот во првото полувреме против Ливерпул, но пред да биде означен крај на воведниот дел, офанзивниот фудбалер на Њукасл направи глупост и предвреме беше испратен во соблекувалната.
Гордон остро стартуваше над Вирџин Ван Дајк и ризикуваше да му нанесе потешка повреда на капитенот на Ливерпул, па поради тоа, во изминатите 12 часа наиде и на линч на социјалните мрежи.
Многумина го обвинија Гордон дека намерно стартувал со толкава сила и жестина, а ова го натера фудбалерот да се јави со соопштение и да се огласи преку својот официјален профил.
– Сакам искрено да им се извинам на моите соиграчи и на фановите. Моите намери беа чисти, се обидував само да ја пренесам мојата енергија во мечот и задоцнив со стартот.
– Исто така, сакам да му се извинам на Вирџил, никогаш не би се обидел да повредам некој со намера. Зборувавме за тоа и тој знае дека не мислев ништо лошо, – изјави Гордон.
Anthony Gordon with an apology to Van Dijk on his Instagram pic.twitter.com/UUODyyLpWd
— Anything Liverpool (@AnythingLFC_) August 26, 2025