Страшната акција на Ливерпул донесе историја за младиот Рио

Дерби

26/08/2025

12:56

528

Големина на фонт

а а а

Ливерпул извојува победа на „Ст. Џејмс парк“ на најтежок и најдраматичен можен начин, а тоа буквално им ги скрши срцата на навивачите на Њукасл кои и покрај се, останаа горди на своите миленици.

Њукасл се врати од негатива од 0:2 со играч помалку на теренот и изгледаше како тим кој повеќе посакува трет гол, но избраниците на Еди Хау добија казна за ризичната игра во 100-та минута од мечот, и тоа со страшна акција од гостите.

Фудбалерите во црвено режираа страшна акција во претпоследната минута од судиското надополнување, а истата со гол за историја ја затвори Рио Енгумоа.

Тинејџерот постигна гол на своето деби во Премиер лигата и стана најмлад голгетер во историјата на Ливерпул, но исто така, своето име го запиша и во исориските читанки на англиската елита.

Покрај тоа што стана најмлад голгетер за својот сакан клуб, 16-годишниот Рио се претвори и во четврти најмлад стрелец во Премиер лигата, листа на која пред него се само Воан, Ширер и Руни.