Доскорешниот капитен на Реал останува дел од топ 5 лигите: Васкез го избра третиот клуб во кариерата

Дерби

26/08/2025

12:53

207

Големина на фонт

а а а

Лукас Васкез беше еден од капитените на Реал Мадрид до моментот кога се раздели со „кралскиот клуб“, а од Светското клупско првенство наваму, искусниот фудбалер беше во потрага по нова средина.

Последните информации од Шпанија велат дека оваа фаза од летниот преоден рок е веќе завршена за Васкез, кој по долго размислување решил да пресече и да го избере својот трет клуб во кариерата по Реал и Еспањол.

Иако имаше понуди од Саудиска Арабија и една од Шпанија (Депортиво Ла Коруња), Васкез решил да остане дел од топ 5 лигите во Европа, па во иднина ќе го гледаме во германската Бундеслига.

Како што јавува угледниот „АС“, Васкез ги договорил сите детали за премин во редовите на Баер Леверкузен, клуб кој му понудил сериозен проект, но и стартерско место под водство на Ерик Тен Хаг.

„Фармацевтите“ останаат без неколку столба во досегашниот тек на летниот преоден рок, па јасно е дека искуството на Лукас може да биде од огромно значење во сезона која ќе биде транзициска за германскиот вицешампион.

Според информациите, договорот е во времетраење од две години, па тоа било само причина плус Лукас да најде заеднички јазик со управата на „фармацевтите“.