Трамп има нов портрет во Белата куќа – јавноста забележа морничав детаљ

Точка

20/08/2025

15:51

881

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов портрет кој е поставен во Западното крило на Белата куќа, но сликата веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради еден необичен детаљ.

На портретот, кој прв на социјалните мрежи го сподели заменикот асистент на Трамп, Себастијан Горка, претседателот е прикажан како чекори опкружен со американски знамиња, додека зад него се протега позадина во нијанси на портокалова боја.

Горка го најави уметничкото дело на 19 август, пишувајќи: „Една од новите слики на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа“, додавајќи дека ќе „има уште“. Делото е на уметницата Ванеса Хорабуене и сега е изложено во Западното крило, пренесува „The Independent“.

Откривањето на портретот дојде непосредно откако Трамп беше домаќин на европски лидери, а по тој повод на својата мрежа „Truth Social“ објави дека разговорите биле „многу добри“ и дека „сите се среќни поради можноста за мир меѓу Русија и Украина“.

„Зошто сè гори зад него?“

Необичната позадина веднаш предизвика лавина коментари на интернет, при што многумина се прашуваа зошто изгледа како претседателот да оди пред огнена стихија.

„Зошто сè гори зад него?“, се запраша еден корисник, додека друг додаде: „Зошто изгледа како светот да гори токму зад него?“. Брзо следеа слични коментари: „Зошто е сè во пламен?“ и „Гори ли навистина сè во позадината?“.

Еден коментатор се пошегува на сметка на сцената: „Трамп кога ќе ја напушти функцијата во 2029 година, оставајќи зад себе запалена урнатина од државата“.

Уште еден необичен портрет

Да потсетиме, по неговиот избор за втор мандат, во пресрет на инаугурацијата беше објавен нов портрет на Доналд Трамп кој исто така брзо предизвика реакции на социјалните мрежи – прво поради сличноста со неговата полициска фотографија од 2023 година, а потоа и поради драстичната разлика во изразот на лицето во споредба со првиот претседателски портрет од 2016 година.

Инаку, Трамп во март годинава побара од Федералната зграда во Колорадо да се отстрани неговиот портрет и тогаш остро ја критикуваше сликарката, тврдејќи дека делото било „намерно искривено“.