Сè уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Макфакс

18/08/2025

09:12

181

Големина на фонт

а а а

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.

Од нив во моментов активен е само еден пожар, во општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен каде што гори мешана шума.

На 17/18.08.2025 до 07:00 часот низ земјава се вкупно 28 пожари на отворен простор од кои во моментов:

🔥Активни: 1

🟠Под...

Posted by Центар за управување со кризи on Sunday, August 17, 2025

Под контрола е пожарот во општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, каде што горат пасишта и мешана шума.

Како што соопшти ЦУК изгаснати се 26 пожари.