Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Макфакс

17/08/2025

17:06

594

Големина на фонт

а а а

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст пд 18 до 56 години.

По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.

Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.