[ВИДЕО] Говорот на легендарниот Драган Николиќ упатен кон студентите во 1996. како да е изговорен денес: Снимка која мора да ја видите и зборови што треба да ги чуете

Точка

15/08/2025

18:52

877

Големина на фонт

а а а

Драган Николиќ и Милена Дравиќ беа меѓу актерите и уметниците кои кон крајот на 1996 година ги поддржаа граѓанските и студентските демонстрации против Слободан Милошевиќ. Протестите прераснаа во секојдневни прошетки, говори и блокади, а имаше и судири со полицијата.

Протестите траеле низ цела Србија од средината на ноември 1996 до крајот на февруари 1997 година, а на еден од нив на студентите им се обратил и Драган Николиќ.

Ono što je važilo tad, važi i sad. Dragan Nikolić i studenti...

Posted by Urban Revolt on Friday 27 June 2025

„Јас како актер целиот свој живот зборувам туѓи зборови, кои ги смислиле некои паметни луѓе, но тие зборови сепак се туѓи. И вие треба да ги слушате сите тие мудри и паметни луѓе кои ве посетуваат овие денови, но мора да зборувате со свои зборови, мора да ја водите својата грижа. Бидете убедени дека, и покрај општата медиумска блокада, вашата игра и вашите зборови допираат. Ќе допрат и ќе ја постигнат својата цел. Само ако не се откажете. Немојте да се откажете“, порачал Драган Николиќ.

Во Србија веќе девет месеци траат протестите на студентите и граѓаните кои се борат против диктатурата, системската корупција што трае повеќе од една деценија и поради изгубените животи како последица на немарот, корупцијата и нестручноста на актуелната власт.