Поднесена кривична пријава против ексдиректорката од Демир Хисар за криење службени печати

Макфакс

15/08/2025

14:41

192

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“.

„Денеска до ОЈО Битола е поднесена кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ“, соопшти МВР.

Од таму велат дека пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025.

Пред неколку дена на социјалните мрежи беше објавено видео на кое началник од МВР без налог се обидува да ја приведе екс директорката и вели дека ако треба и на носилки ќе ја однесат во полициска станица. На видеото се гледаше и нејзниот син кој кажува дека мајка му е на боледување и дека кога ќе изаврши боледувањето ќесе јави во полициска станица.

Начачникот беше разрешен поради непрофесионално и неетично однесување.