Хајдук доживеа големо разочарување во третото квалификациско коло во Конференциската лига и остана без европска есен, бидејќи елиминацијата од албански Динамо значеше елиминација и од третото по ранг европско натпреварување.
Динамо Сити од Тирана направи сензација и успеа да го елиминира хрватскиот великан, и тоа со гол кој сигурно ќе делува погубно за одбраната на Хајдук.
Сплитскиот тим победи на првиот меч со 2:1 и влезе со мала предност на реваншот, но Динамо го однесе двомечот во продолженија, откако во регуларниот дел славеше со 1:0.
Дополнителните 30 минути почнаа добро за гостите од Хрватска кои се чинеше дека постигнаа гол вреден бараж во Конференциската лига, но така не мислеа и домаќините.
Тимот од Тирана постигна два погодоци во 109-та и 111-та минута, а оној вториот беше навистина комичен и го прикажа цел хаос во одбраната на Хајдук.
Видеото погледнете го ТУКА.