Во Јадранското Море, во близина на светилникот на Сплитските врати, е пронајден мртов делфин.
Според полицискиот извештај, при извршениот увид било утврдено дека постојат елементи на кривично дело – убивање или мачење животни – поради што е поведена криминалистичка истрага.
Како загинал делфинот?
Од полицијата информираат дека на местото на настанот е извршен увид, а за точно утврдување на причината за смртта е наредена обдукција на „Ветеринарниот факултет“ во Загреб.
Ова е втор ваков бизарен случај во релативно краток временски период. Пред неколку недели, мртов делфин за кој исто така се сомнева дека бил убиен беше пронајден во близина на Пељешкиот мост.
„Повреди од остар предмет“
Сведоците кои го пронашле несреќното животно кај мостот изјавиле дека на телото имало бројни повреди.
„Во соработка со нашите рибари го прегледавме лешот на делфинот и утврдивме повреди од остар предмет или од пропелер на мотор, што го потврдува сомнежот за човечки фактор. Само да напоменеме дека лешот беше пронајден на локацијата помеѓу Пељешкиот мост и Клек“, објаснија од страницата „Lignjolov Eging Club Neum“.