Вчера околу 14:20 часот, на улицата 1 во Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.А. (23) од Арачиново, и „сеат“ управуван од Б.И. (61) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Сеат“-от, Ч.И. (36) од Арачиново. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од „Фолксваген голф“ – тригодишно девојче, С.А. (20) и З.А. (28), сите од Арачиново. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.