[ВИДЕО] Мицкоски: Ние сме држава во Европа која има една од најниските цени за електрична енергија за домаќинства

Нетпрес

14/08/2025

14:28

615

Големина на фонт

а а а

Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик на кој можат да аплицираат оние семејства кои ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија, информира премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

За ова се предвидени повеќе од 40 милиони денари.

- Во неколку периоди на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада, веќе 14 месеци, ние немаме покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата, што не е случај во околината. Ако ги гледаме другите држави ќе видиме дека таму цената на електричната енергија е покачена по 15, 20, а во некои земји од соседството и за 30 %. И според ЕВРОСТАТ и според сите параметри, ние сме држава во Европа која има меѓу најниските цени за електрична енергија за домаќинствара, рече Мицкоски.