Тешко повреден скопјанец донесен во Градската болница: Бил истепан од две лица, кои му се заканувале со пиштол

Макфакс

11/08/2025

13:43

572

Големина на фонт

а а а

Вчера во 23:44 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.М.(54) од Скопје.

Според пријавеното, со повредите се здобил околу 22:50 часот кога во дворот на семејниот дом во Скопје бил нападнат од две лица, кои му се заканувале со пиштол, а потоа и физички го нападнале.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.