Милан продолжува со активностите на летниот трансфер пазар каде мораше да пронајде соодветна замена по трансферот на Малик Чау во редовите на премиерлигашот Њукасл.
„Црвено-црните“ експресно реагираа на трансфер пазарот и според последните информации го договориле поранешниот дефанзивец на Јувентус, Кони Де Винтер.
Де Винтер имаше одлични изданија за Џенова и се поврзуваше со повеќе клубови како Интер, Борнмут, враќање во Јувентус…но Милан беше тој што беше најконретен и за пакет од околу 20 милиони евра го договори Белгиецот кој освен како стопер може да игра и десен бек,
Кони има 23 години и целата сениорска кариера ја има поминато во Италија, има настапувано за Емполи и за У23 составот на „старата дама“.