Екс играч на Јунајтед го предупреди клубот за најавената разделба со Хојлунд

Дерби

11/08/2025

10:26

296

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед планира да се откаже од услугите на Расмус Хојлунд, одлука мотивирана од скапиот трансфер на Бенџамин Шешко, но за еден поранешен играч и проблематична поради ризикот кој го носи.

Поранешниот член на Јунајтед, Микаел Силвестре го предупреди клубот да не се откажува од Данецот, затоа што тоа може да биде голема грешка.

– Откако замина Рашфорд, Јунајтед и нема толку избор во нападот.

– Зиркзе ќе остане, но тој е поинаков тип на напаѓач. На Јунајтед ќе му требаат различни фудбалери во зависност од противникот, ќе му треба конкуренција и квалитет.

– Не би брзал со одлуката да се испрати Хојлунд во друг клуб, а што се однесува до Шешко мислам дека тој добро ќе се снајде со тактичките идеи на Аморим, – рекол Силвестре.