Клоп ќе му помогне на РБ Лајпциг да добие фудбалер на Ливерпул

Дерби

08/08/2025

12:49

227

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ова лето реализираше повеќе влезни и излезни трансфери во соработка со германски клубови, а сега на ред е уште една продажба со која ќе се покрие дел од инвестираната сума во актуелниот преоден рок.

Харви Елиот е пред преселба во РБ Лајпциг, клубот кој има сериозни планови за 22-годишниот играч за врска, а ќе го искористи и влијанието на Јирген Клоп за да го комплетира овој трансфер.

Елиот посакува да биде дел од плановите на Арне Слот, но решил да даде предност на екипа која ќе му обезбеди поголема минутажа, односно стандардни настапи во својот тим, а бундеслигашот е најсериозен во обидот да му овозможи такво нешто.

Клоп во Елиот гледа замена за Чави Симонс, кој веќе му порачал на раководството дека сака да замине, а најреална опција за него е Челси.

Трансфер сумата може да се движи до 50 милиони евра и тоа е повеќе од респектабилна сума за клупскиот буџет на „црвените“.