Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист во близина на Крушево, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Параглајдеристот нема сериозни повреди.
Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри 👉https://goo.su/A7uLtb
Posted by Makfax on Wednesday, August 6, 2025
Претходно, попладнево од страна на полициската станица Крушево, ДЗС доби информација дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри, од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Бидејки локалните сили не можеа да го симнат повредениот параглајдерист, итно беше активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,