Во атарот на селото Церово, Општина Желино избувна пожар, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„На терен интервенира ТППЕ Тетово, а поради тешкиот и непристапен терен, побаравме и воздушна поддршка.
Aвион „Ер Трактор“ на ДЗС дејствува на пожарот кај Желино
Posted by Makfax on Sunday, August 3, 2025
Моментално на терен активно дејствуваат авионите „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување во гасење на пожарот“, вели Али.
Нов пожар избувна кај тетовско Желино.
Posted by Makfax on Sunday, August 3, 2025
Тој додава дека ЦУК е во постојана координација со сите надлежни служби и состојбата се следи во реално време.
Претходно денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кажа дека денеска заминува словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализирани за гаснење на шумски пожари, со 18 возила,а утре си оди и чешкиот Блек Хок со седумчлената посада.